Loading...

Бугарскиот претседател кој од вчера е во официјална посета на Руската федерација и во средбите со своите домаќини Владимир Путин и вчера со Дмитриј Медведев го отвора прашањето за можна директна испорака на руски гас во Бугарија доби јасна порака.

„Одбивањето на бугарскиот Јужен тек беше огромна грешка. Турција веднаш ја искористи својата шанса, а ФРГ го гради Северниот поток-2. Добра лекција за Софија“ му порача сенаторот на руската Дума, Алексеј Пушков, на „Твитер“.

Повод за „твитот“ беше интервјуто на Румен Радев за весникот „ Комерсант“ во кое бугарскиот претседател вели дека Бугарија бара директни испораки на рускиот природен гас преку Црното Море.

Во петокот во Москва беше и канцеларката Анела Меркел која бара удвојување на испораката на руски гас кон Германија преку новиот гасовод „Северен поток 2“ заради поголема енергетска сигурност.

Денес, Радев ќе се состане со својот руски колега, Владимир Путин, во Сочи и ова прва  билатерална средба на шефови на држави од двете земји во последните десет години.

Според руските експерти, постојат реални можности за реализација на директна гасна врска помеѓу двете земји.

„Бугарија има одредени шанси. Првиот дел од „Турскиот тек“ е изграден до брегот на Турција. Сосема е возможно втората делница да биде изградена територијални води на Бугарија“, смета водечкиот експерт на Фондот за национална енергетска безбедност Игор Јушков.

Првиот заменик-претседател на Комитетот за енергетика на Државната дума Игор Ананских смета дека изградбата на „Бугарски поток“ ќе зависи од конкретните активности на властите во Софија.

„Несомнено, бугарскиот транспортен систем за гас е многу развиен. Во принцип, тоа е погодно место за влез во рускиот гас. И патот кон јужна Европа е пократок… Не е случајно што порано Јужен тек беше планиран преку Бугарија.

Но, за жал, ЕУ постапи така да го сопре проектот. Во голема мера, многу работи моментално зависат од Бугарија и нејзините конкретни акции, а не од бајки“. Русија е подготвена да се врати на дискусијата на ‘Јужен поток’  при појасна позиција на Бугарија вели Ананских, според кој не се работи за политички проект како што тоа го претстави ЕУ и „директно зависи од односите меѓу Русија и Бугарија“.