„Отворено општество“ на Сорос заминува од Турција

Фондацијата на мултимилијардерот Џорџ Сорос соопшти дека одлучила да прекине со операциите во Турција.

Причина, меѓу другото, е неодамнешната истрага од страна на Министерството за внатрешни работи на Турција преку која бил направен обид да се изнајде врска меѓу Отворено опшртество и масовните протести во Турција пред пет години, што од организацијата го негираат, пишува турскиот „Дејли сабах“

Фондацијата ќе бара законска ликвидација и затворање на работењето на компанијата што е можно поскоро.

Минатата недела претседателот Реџеп Тајип Ердоган го критикуваше Сорос за поддршката на Осман Кавала, поранешен бизнисмен кој е во затвор и чека судење под обвинение за поттикнување на немирите во Гези парк во 2013 година.

Кавала беше наречен „турски Сорос“ за неговите врски со унгарско-американскиот тајкун.

Повеќе од десетина луѓе поврзани со Кавала, меѓу кои и претседателот на Фондацијата, Али Хакан Алтине.

На 31 мај 2013 година, турската полиција интервенираше во она што започна како мирен протест против обнова на паркот Гези во близина на плоштадот Таксим во срцето на Истанбул и што прерасна во национални немири кои доведоа до над 20 смртни случаи, палење на автомобили и уништување на јавна сопственост.

Фондацијата Отворено општество беше основана од страна на Сорос во 1979 година. Мрежата оперира во 100 земји, со 26 национални и регионални канцеларии, и има годишни расходи кои надминуваат 940 милиони долари.

SHARE

Оставете Коментар