Падна владата во Шпанија, Санчез нов премиер

Шпанскиот премиер Маријано Рахој, чија Народна партија е вмешан во скандал околу мито, се повлече откако загуби гласање за недоверба, објави Ројтерс.

Лидерот на социјалистите Педро Санчез станува премиер на Шпанија, по гласањето за недоверба против Маријано Рахој.

Вториот, претходно го призна поразот во парламентот пред да дојде до гласање.

До вчера попладне, Рахој се надеваше повторно да ја оправда својата репутација и политички да преживее.

SHARE