Падна воен авион во Алжир – 250 загинати (ВИДЕО)

Воен авион се урна денеска во близина на аеродромот Буфарик, недалеку од главниот град Алжир, а според извештаите на локалните медиуми, 250 лица загинаа.

Авионот падна во провинцијата Билда, 30 километри од главниот град Алжир. Локалните медиуми објавија дека авионот пренесувал десетици војници и воена опрема и се урнале кратко време по полетувањето.

На сликите објавени на интернет, се гледаат остатоци од леталото и голем чад.