Пахор не го сака Западен Балкан во ЕУ

Европската унија е ослабена од „Брегзит“ и можеби ќе треба да ги одложи плановите за проширување со Западен Балкан, предупреди словенечкиот претседател.

Борут Пахор рече дека блокот не може да се надева дека ќе ги прими земјите како Србија, Црна Гора и Албанија во сегашната состојба.

„Слаба ЕУ нема да може да се прошири кон Западен Балкан“ вели словенечкиот премиер, пренесува британски „Expreсs“.

ЕУ гледа на шест земји во Западен Балкан – како и Турција – како на следни нови членки.

Потенцијалните кандидати треба да исполнат строги критериуми за влез пред да бидат примени од страна на постојните земји-членки.

Преговори веќе започнати со Србија и со Црна Гора, а двете земји би можеле да станат полноправни членки на ЕУ до 2025 година.

Исто така, ЕУ се надева дека до тогаш Албанија, Босна, Македонија и Косово ќе бидат на добар пат да се приклучат.

Земјите од Балкан се меѓу најсиромашните во Европа.

SHARE

Comments are closed.