Пак го раскопуваат Водно, екологистите шокирани

По вчерашната информација дека на Водно продолжуваат работите на гасоводот, граѓанската иницијатива „Го Сакам Водно“ демантира дека била постигната согласност меѓу МЕР(Македонски енергетски ресурси ) и екологистите, работите да продолжат.

Од Иницијативата велат дека не била постигната согласност, ниту биле дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект.

Македонски енергетски ресурси (МЕР) вчера информира дека изградбата на гасоводот низ Водно ќе продолжи по постигнатата согласност со граѓанските активисти кои ќе бидат во работните групи за мониторинг на изградбата на проектот.

„Ширење лажни вести како официјално соопштение е сепак пострашно од fake news (лажни вести) , нели Миле Бошњаковски и Бајрам Реџепи? Освен, ако нема некои нови, преку ноќ одгледани граѓански активисти“, се вели во демантот на „Го сакам Водно“, пренесуваат портали кои објавуваат фотографии од најновото „силување“ на Водно. 

Планинари и активисти забележаа дека повторно машинерија работи на Водно а беше објавено и видео на кое се гледа дека  активистка застануваа пред багер, барајќи дозвола за градба.

Машинеријата денес повторно е на терен, а активисти и планинари низ социјалните мрежи постираат фотографии и видеа со уништитени дрвја.

Оставете Коментар