Пак одложено судењето за „Монструм“

Денешното рочиште за случајот „Монструм“  одново беше одложено и презакажано за 22 август.

Причина овој пат беше отсуството на судијата Осман Шабани кој од вчера попладне е на  боледување.

Поради недостиг од технички услови за сослушување на заштитниот сведок, беше одложено и рочиштетпо на 5 јули.

Предметот „Монструм“ е отворен за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година (Велигден), кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, а во првичната постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.