Пак се зборува за „прекројување“ на Балканот!

Британски „Економист“ пишува дека Косово било подготвено, доколку не биде признаено од Србија, да се обедини со Албанија, пренесуваат белградски медиуми. .

„Економист“ пренесува изјава на неименуван лидер од Косово, кој изјавил дека “секогаш има други опции“.

Според „изворот“ на „Економист“ некои националистички настроени во Србија кои сфатиле дека Косово е изгубено, ќе го поздравеле тоа.

Зашто, „ако постои ‘Голема Албанија’, тогаш ќе моѓеле нда бараат ‘ Голема Србија’ со полагање право на српскиот дел на Босна и Херцеговина (Република Српска-н.з), за кој се борел Милошевиќ, шпекулира британскиот весник.

Весникот, оценува дека Белград и Приштина тешко можат да се договорат за размена на територии и дека „промена на границите“ по етничка линија не би било лесно.

Весникот потсетува дека ЕУ и САД, претходно ја отфрлале можноста за промена на граници по етнички линии зашто тоа би го дестабилизирало регионот, но сега им даваат „зелено светло“ на косовскиот премиер Хашим Тачи и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доколку се согласат.

Лондонскиот весник потсетува дека Вучиќ „бара гаранции дека Србија ќе добие членство во ЕУ ако се постигне договор меѓу Белград и Приштина“, но оценува дека ЕУ не може да даде такво ветување“.

SHARE