Панчевски: Со објавувањето стана јасно зошто се криел извештајот за судовите (ФОТО)

Полека, пополека 10 месечното криење на криминалот, политички нарачаните и воспоставени комисии кои го урнисаа судскиот систем во името на воспоставување на тоталитарен режим во кој живееме денес се докажаа во стварност, пишува судијата Владимир Панчевски екс претседател на скопскиот кривичен суд кој вели дека извештајот е цврст доказ за неосновано мешање и интервенционизам на политиката во третиот столб на државата – правдата.

“Погледнете го и сами долго криениот извештај за АКМИС системот и наводните злоупотреби на истиот после 10 месеци во предвечерието на НАТО – пенкалото не ги содржи основните законски овластувања врз основа на кои Министерството за правда и политиката се дрзнала да интервенира и да ја наруши гарантираната со Уставот на Република Македонија независност на судскиот систем.

Погледнете ја последната страница одредени членови на оваа комисија воопшто не го ни потпишале извештајот, кој ваков без точно и јасно цитирани законски овластувања на “дотичната” комисија, без потписи и конечно во истиот без аргументи туку тенденциозни нарачани заклучоци имал за цел преку актуелните актери да доведе до ова судство кое во моментов ни се случува” вели Панчевска.

Според него оваа “тапија” ги содржи потписите на актерите кои му пресудија на правосудниот систем како трет столб на државата.

“Исто како пресудата за Методија Андонов Ченто во едно мрачно време потпишана со крвавите раце на неговите политички егзекутори!

Оние кои и пресудија на Македонската правда повекето не се ни правници, но знаеле и свесни биле во чие име постапуваат и за нив несмее и неможе да важи библиската Исусова изрека: Прости им господе не знаат што прават”, заклучува Панчевски.

Во продолжение целиот извештај

SHARE

Comments are closed.