Горан Пандев покажа и на 35 години, колку што наполни пред малку повеќе од еден месец, дека е енигма за противничките голмани, овој пат погодувајќи за Џенова на гостувањето кај Сасуоло во третото коло од Серија А.

Најдобриот македонски фудбалер намали на 5:2 во 70. минута од мечот што неговата екипа го загуби со 5:3.

За струмичанецот ова е прв гол во вториот првенствен настап сезонава, вкупно деветти во 70 одигран меч за Џенова во Серија А, во која Пандев има постигнато 82 погодока на 386 средби.