Панична реакција на група блиска на Вранишковски по судирот Вартоломеј – Кирил

Групата “Соборно православие” која се смета за дел од пропагандата на ПОА на српскиот егзарх Јован Вранишковски попладнево излезе со јавна реакција која за познавачите е израз на паника по отворениот судир меѓу Руската и Цариградската патријашија.

Во реакцијата се зборува за надлежност на Српската црква на територии во екс СФРЈ меѓу кои е и Македонија.

Со тоа, сметаат добро упатени извори, се открива стравот дека судирот меѓу РПЦ и патријархот Вартоломеј може да доведе до признавање и на МПЦ-ОА.

“Според Епископ Христополеос Макариј (Цариградска Патријаршија), СПЦ има неприкосновена, со томос утврдена надлежност за цела поранешна Југославија

Јурисдикцијата на секоја православна црква (освен првите патријаршии и Кипарската црква, чии граници ги имаат одредено Вселенските Собори), одредена е и запишана во Томосот, кој на таа црква ѝ е доделен од Вселенската Патријаршија”, се вели во објавата на Соборно православие, кое неофицијално ги пренесува ставовите на ПОА и Вранишковски.

Според СП со зборовите на Епископот Макариј од Вселенската Патријаршија, јасно се кажува дека Вселенската Патријаршија нема право да се меша во Македонија на неканонски начин.

Луѓето на Вранишковски сметаат дека Вартоломеј не смее да се вмеша затоа што во Томосот што ѝ го има дадено на СПЦ се запишани и епархиите од нашата земја на кои СПЦ им има дадено Томос за автономија кој е примен и од Вселенската Патријаршија.

Со оваа објава на групата блиска на Вранишковски која е под контрола на СПЦ се открива дека на маргините на судирот меѓу Москва и Цариград се случува сценарио поврзано со Македонија односно со МПЦ-ОА.

Реакцијата доаѓа по судирот меѓу патријарсите Вартоломеј и Кирил

Патријарсите Кирил и Вартоломеј влегоа во отворен конфликт за Украинската православна црква

SHARE

Comments are closed.