Проруската партија „Хармонија“ победи, а владејачката коалиција го загуби мнозинството на парламентарните избори во Летонија, покажуваат резултатите од повеќе од 80 проценти преброени гласачки ливчиња.

Една четвртина од населението на Латвија сочинуваат етнички Руси, кои ја обезбедија поддршката на партијата „Хармонија“, која освои речиси 20 отсто од гласовите со што ќе обезбеди 24 места во 100 члениот парламент.

Летонија, земја со околу два милиони, има граница од 214 километри со Русија.

Нејзината локација, заедно со нејзиното членство во НАТО и во Европската унија, ја става земјата на линијата на фронтот во се понапнатите односи меѓу Москва и Западот.

Во моментов, НАТО има повеќе од 1.000 војници распоредени во балтичката земја од два милиони.

Дури и потенцијална мала промна на „расположението“ на јавноста и „верноста“ на Летонија ќе ги загрижи и Брисел и Вашингтон, оценува британски Express.uk

Главните партии во Летонија, досега, успешно ги спречуваа про-Кремљ политичарите да ја преземат власта.

Но, тоа сега би можело да се промени ако популистичката KPV LV, предводена од жестокиот политичар, Артус Каиминс, се согласи да формира коалиција со Хармонија.

Сојузот на Зелените и Земјоделците на премиерот Марис Кучинскис доби 9,7 отсто.

Сегашната владејачка коалиција на Сојузот на зелените и земјоделците, Националната алијанса и единство, (сите заедно) доби 29,2 отсто, што значи дека ќе мора да најдат барем уште еден член од коалицијата за формирање мнозинска влада.

„Формирањето нова влада ќе биде многу тешко“, рече Кучинскис по изборите.

Латвија долго време се соочува со проблеми во врска со корупцијата и перење пари. Гувернерот на централната банка на земјата во моментов чека судење за земање поткуп.

SHARE