Полицијата во Солзбери потврди дека не се сомневаат дека нервниот гас „новичок“ е причина две лица да се разболат откако вечерале во италијански ресторан во Солзбери, британскиот град каде во март беа отруени поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Сепак полициски возила го блокираа просторот околу ресторанот откако синоќа било јавено дека маж во неговите 40 и една жена во нејзините 30 години се разболеле во ресторанот за брза храна.

„Поради неодамнешните настани во градот и загриженоста дека двете лица биле изложени на непозната супстанција, беа преземени мерки на внимателност од страна на сите служби за итни случаи“, се вели во соопштението на полицијата.

На социјалните мрежи се појавија шпекулации дека затруените биле Руси, што не е потврдено.

Велика Британија за труењето на Скрипалови, ја обвини Москва по што од триесетина земји, меѓу кои и од Македонија, беа протерани над 100 руски дипломати.

Сергеј и Јулија Скрипал можеби добиле „труење“ од порција риба