Пановски: „Воинот на коњ“ треба да замине или…. (ВИДЕО)

Претседателот на асоцијацијата на архитекти, Мартин Пановски, кој беше дел и од Комисијата за анализа на проектот „Скопје 2014,“ во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека споменикот „Воин на коњ“ и „Порта Македонија“ се дивоградби и затоа треба или да бидат отстранети или – да бидат легализирани.

„… Мислам дека во сите досегашни анализирани извештаи, скулптури, евидентиравме дека процедурите од почеток се противзаконски, на тој начин всушност сите градби кои што се од Скопје 2014, овие што сме ги истражиле досега, можеме да сметаме дека се дивоградби“ вели Пановски за Радио слободна Европа.

„Одлуката е дали ќе го почитуваат законот или не“ вели архитеткот во одговорот на прашањето дали власта ње таа што треба да донесе одлука за се отстрани „Воинот на коњ“…