Пападакис: Каменос ќе ги прави Скопјаните луѓе, Македонија молчи

„Скопјаните (sic) не треба да мислат дека Грција и Западот горат од желба да ги вклучат во НАТО… да ги направиме луѓе. На крајот на краиштата, што се тие? Албанци, Бугари и некои Грци во Монастири и Гевгели. Тоа се Скопјаните (sic).“

Активистот на Европската Слободна Алијанса Јоргос Пападакис открива за порталот мкд.мк дека ова не се зборови на антимакедонски хулиган, туку на Панос Каменос, еден од клучните министри на грчката влада и лидер на помалиот партнер во грчката влада.

Во својата колумна Пападакис открива дека и во СИРИЗА има луѓе што се согласуваат со Каменос, што веќе се премислуваат за ова прашање и што со нетрпение чекаат потенцијално негативно гласање на претстојниот референдум.

Целата колумна на Пападакис за Мкд.мк

SHARE