Папата сака да држи миса на белградска „Маракана“

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, наводно бил  цврсто одлучен да ја посети Србија во 2019 година, за што испратил порака до српските власти и до СПЦ.

Папата бара да му биде дозволено да организира голема маса за католичките верници од Србија и од регионот за време на посетата, на стадионот на Црвена Ѕвезда „Маракана“ во Белград!

„Светиот Отец, во септември 2014 година беше на првото апостолско патување во Европа, во Албанија…Следната година беше во Сараево… можеби наскоро ќе има време да ја посети Црна Гора. Папата покажа големо внимание на оваа географска област на европскиот континент и голем интерес да ги посети Србија и Црна Гора“ изјавил државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролина, за црнокорска „Побједа“.

Слични информации објави и порталот „Ватикан вести“, пренесуцваат некои српски медиуми.

Според нив, сепак, повеќе владици на СПЦ се противат на посетата на папата Франциско,  и не можат да преминал преку она што го направиле католичките свештеници во Јасеновац.

Други сметаат дека тој ,може да ја посети Србија но само како државник, но не и како верски поглавар.

Вчера кардиналот  имал средба со претставници на државниот врв на Србија и со претставник на СПЦ, но нема информации дали се разговарало за мисата на „Маракана“.