Паргов: Договорот со Македонија покажува дефекти

Само една година по потпишување на договорот за добрососедство, тој почна да покажува дефекти, за што доказ е изјавата на Зоран Заев за Илинденското востание. Тука е и слабоста на бугарската дипломаатија, вели Калојан Паргов од Бугарската социјалистичка партија (БСП), чија специјалност се меѓународните односи.

Според него не е така во договорот меѓу Макдонија и Грција, вели Калојан за софиски „Труд“.

„Во него нештата се јасно напишан и тоа не дава можност за шпекулации…“ вели Паргов и додава дека самиот факт дека во договорот со Македонија се говори за македонски јазик, веќе е проблем. „Историска вистина е дека македонскитте дијалекти се дел од бугарскиот јазик“.

Тој вели дека е време бугарските власти да покажат смелост и дагја заштитат бугарштината  и да ги заштитат Бугарите во Македонја како што тоа го прават Србија, Грција и Албанија за нивните малцинства.

„Факт е дека од двете страни на франицата живее еден народ. Ете затоа е важна европската перспектива на Македонија која е во интерес на Бугарија“, вели Паргов од опозициската бугарска партија БСП која прва реагираше на изјавата на мекдонскиот премиер Зоран Заев дека Илинденското востание е македонско.

Бугарската опозиција бара реакција за изјавата на Заев за Илинденско востание