Париски херој спаси дете што виси на балкон на четврти кат (ВИДЕО)

Loading...

Цела Франција зборува за херојскиот подвиг на имигрантот Мамуду Гасама од Мали, кој во саботата спаси четиригодишно дете што виси на оградата од балкон на четврти кат, искачувајќи се по фасадата на зградата!

„Почувствував страв кога го спасив детето. Кога влеговме во дневната соба, почнав да се тресам. Одвај стоев на нозете. Морав да седнам“, изјави тој.

За изложувањето на сопствениот живот во опасност за да спаси друг 22-годишниот Гасама, кој пред неколку месеци дошол во Франција со надеж дека ќе остане да живее таму, претседателот Емануел Макрон не само што го прими во Елисејска палата, туку и му вети француско државјанство и вработување како пожарникар.

Малиецот се шетал во саботата навечер и забележал група луѓе собрана пред зградата во северниот дел на Париз и веднаш кренал во акција, бучно бодрен од насобраната толпа.

Во времето на настанот мајката на детето не била во градот, а на таткото по сослушувањето од полицијата се очекува да му се суди поради оставање на детето без надзор.