Парите што ги извадил од банка, Груевски ги дал на адвокати

Груевски за кусо време ги потрошил 230.000 евра што ги извадил од банкарските сметки и со нив плаќал главно адвокатски услуги, дознава порталот Сакам да кажам од извори во Министерството за финасии.

„Важно е дека банките беа ажурни и според законската обврска што ја имаат, ги известија надлежните органи за повлекувањето од Груевски на своите штедни влогови во суми над 15.000 евра, што е пракса и за сите граѓани. За ова беа известени надлежните органи“, ги пренесува порталот зборовите на неименуваниот извор.

Затоа било утврдено дека наглото празнење не е индиција за негово бегство, туку за плаќање адвокати.

Било оценето дека 230.000 евра не е  сума со која Груевски ќе може да си дозволи живот во бегство во друга држава, па затоа и ова влечење пари не било индиција за бегство.

SHARE

1 Коментар

  1. Косово изгуби во Интерпол.
    Но, Косово покажа што Македонија треба да прави со името во Генералното собрание на ООН, а со цел продолжување на членството под уставното име.
    За ова се гласа со просто мнозинство, бидејќи сме членка на ООН.На тој начин ќе го решиме „проблемот со името”!

Оставете Коментар