Францускиот претседател Емануел Макрон се враќа во Франција денес по самитот на Г20 во Аргентина и свикува вонреден состанок во претседателската палата по насилните инциденти за време на вчерашниот протест на  „жолтите елеци“ во Париз.

Главниот град изгледа како „по бомбардирање“ јавуваат агенции а ескалација на конфликтот се претвори во голема политичка криза, а се разгледува и воведување на вонредна состојба.

Полицијата вчера уапси повеќе од 250 лица, додека најмалку 100 повредени .

Според министерот за внатрешни работи, Кристофер Кастанер, „ 3.000 луѓе кои маршираа во Париз“ предизвикаа голема штета.

„Сите полицајци и жандарми беа мобилизирани“ во Париз и остатокот од Франција, рече министерот за внатрешни работи, наведувајќи дека 4.600 полицајци и жандарми биле распоредени само во главниот град.

И додека автомобили гореа во центарот на Париз, Емануел Макрон изјави од Буенос Аирес порача дека  „тој никогаш нема да прифати насилство“.

Поради насилните инциденти, францускиот премиер Едвард Филип да го откаже своето патување во Полска за климатскиот самит COP24.

Синоќа  францускиот министер за внатрешни работи, Кастанер, не ја исклучи можноста за воведување  вонредна состојба.

Вонредна состојба беше воведена по терористичките напади во Париз во 2015 година, но и по немирите во предградијата во ноември 2005 година.

 

SHARE

Оставете Коментар