Иако во нацрт заклучоците останува стартот на преговори на ЕУ со Македонија во јуни, битката не е извојувана, информираат дипломатски извори во Брисел за МИА.

Расправите помеѓу земјите членки на ЕУ за одредување датум за старт на преговори со Македонија во Советот на ЕУ продолжуваат, а Франција и натаму се противи тоа да се случи во јуни и покрај постигнатиот договор за името со Грција.

Земјите членки прифатиле да се одреди условена одлука за преговори без временски рок кога конкретно тие би почнале, но ниту тоа не ги убедило Французите, пренесува МИА.

Париз прифаќа да има „што попозитивен речник“ и охрабрувања за Македонија, но дека старт на преговори во јуни не се можни.

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна предупреди дека тој се противи на проширување на Унијата се додека блокот внтарешно не се реформира.