Партнерка на Заев во коалицијата не гласала за уставните измени

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ која ште е дел од владеачката коалиција не гласала на комисијата за уставни прашања која што вчера реши Собранието на пленарна расправа да одлучува за измени во уставот.

Откако предходно таа и втората пратеника на ДОМ Маја Морачанин не гласаа за Законот за Јазици, ова е втор сериозен удар на малата еколошка партија за владеачката коалиција.

Поповска во 2005 година како дел од владеачката коалиција на СДСМ се спротивстави на Законот за територијална поделба на земјата и влезе во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ од која замина за време на Шарената револуција и објавување на прислушуваните разговори.

Една од причините за ваквото однесување на Поповска може да биде и нејзиниот татко Академик Блаже Ристовски кој што пред еден месец се потпиша на писмото против промена на името и Преспанскиот договор на кој се потпиша и прославениот чешки писател Милан Кундера.

Согласно договорот со Грција голем број од делата на академик Ристевски ќе треба да бидат повлечени од учебниците и официјалната државна историографија.

Вчера без неа со 10 гласа “ЗА” и 7 “Против”, комисијата за уставни прашања одлучи уставните измени да одат на пленеарна седница на Собранието во понеделник.

“За” гласаа пратениците на владеачкото мнозинство, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа “Против”.

Претседател на Комисијата е собранискиот спикер Талат Џафери, а негов заменик е Џеват Адеми.

Членови на Комисијата за уставни прашања се: Бетиан Китев, Енес Ибрахим, Соња Миракоска, Самка Ибраимоски, Лилјана Поповска, Анета Симеска-Димоска, Татијана Лалачевска oд владеачкото мнозинство, Сурија Рашиди и Фадил Зендели од Алијанса на Албанците и БЕСА, како и Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Димитар Стевананџија, Нада Ципушева, Дафина Стојаноска, Иван Стоилковиќ и Стојан Миланов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

На седницата не беше присутен екс премиерот Никола Груевски кого го замени пратеничката Невенка Стаменковска, при што сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаа “Против” предлогот на Владата.

Во таборот на владеачкото мнозинство недостасуваше Лилјана Поповска.

Пленеарната седница на Собранието е закажана за понеделник во 11:00 часот.