„Паспорт индекс“ со соломонско решение – (Северна) Македонија!

Loading...

Епидемијата на (зло)употреба на името Северна Македонија, иако тоа не е официјално, ниту е дел од правниот промет во земјава, а ни надвор од неа, ја зафати и вебстраницата „Паспорт индекс“ (passportindex.org) специјализарана за рангирање на пасошите според тоа во колку држави може да се патува со нив без виза.

По реакцијата на Македонците од цел свет, поттикната од глобалното движење „Ние сме Македонија“, од вебстраницата применија соломонско решение, па македонската патна исправа сега се води под името „(Северна) Македонија“!

Покрај тоа, пасошот на Република Македонија сега е прв на насловната страница, пред тој на Авганистан, иако сите други се наредени по азбучен редослед.

На листата на „Паспорт индекс“ македонскиот пасош го дели 35. место со тој на Тонга, со кој исто така може да се патува без виза во 117 земји.