Павле Васкопулос: Ципрас ќе избегнува ратификација на договорот за името

Членот на раководството на партијата на Македонците во Грција предупредува дека постои опасност Македонија да го промени уставот и името а Грција воопшто да не го ратификува Преспанскиот догоовор.

Павле Воскопулос сепак не вели дека треба да запре процедурата за уставни измени туку бара забрзување.

Тој предлага Македонија веднаш да го промени уставот и така да ја префрли топката во грчкиот двор.

“Да имаат на ум во Републиката и пошироко…за идната година околу договорот со Грција.
Не ќе ме чуди Ципрас да проба да се “вади” спрема странците дека Договорот нема следниот период да има можност во Парламентот да се ратификува. “Причината” е дека ке има социјални немири во Грција, евентуално владата ке падне и за жал не ке може да продолжи да имплементира во економијата, токму ова што е договорено со партнерите последните години. Се може да се очекува од Ципрас следната година но оваа варијанта е мала и затоа Републиката (Македонија) треба да ја фрли топката кај комшиите”, смета Павле Воскопулос.

Тој потсетува дека грчките граѓани догодина се соочуваат со три избори: европски, локални, национални, и затоа ќе биде тешко да помине договорот во парламентот.

Павлопулос во контекст на Македонија зборува и за случајот со Кипар за кој Атина и Никозија лобирале за влез на Кипар во ЕУ за да се реши проблемот со Турција при што го поддржуваа предлогот за решение на ОН. Но штом Кипар влезе во ЕУ владите во Атина и Никозија беа против.

На референдумот Кипарските Грци рекоа дека се против предлогот на Кофи Анан (ОН) додека Кипарските Турци го прифатија.

Според Воскопулос суштината и цел на грчката дипломатија е во ЕУ да има две грчки држави кои заедно ќе лобираат против Турција и турските интереси.

Според аналогијата што ја дава Воскопулос во контекст на спорот за името, Атина може да се повлече од договорот со Македонија и како членка на ЕУ ќе може да лобира против нашите позиции со цел да добие уште подобар договор ако земјава остане надвор од ЕУ.

SHARE

2 Коментари

Оставете Коментар