Павлопулос чекал да се реши името „според меѓународното право и историјата“

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос одново ја услови поддршката за членство на Македонија во Европска унија и во НАТО, но овој пат не спомна иредентизам, туку „само“ решавање на прашањето за името „во согласност со меѓународното право и со историјата“.

„Ние се стремиме кон срдечни и кон добри меѓусоседски односи и демонстрираме во пракса дека го поддржуваме членството во НАТО и во ЕУ, но прво треба да биде решено прашањето за името согласно меѓународното право и историјата“, изјави тој на настан во Солун.

„Нашиот сосед треба да ги направи неопходните промени во своето законодавство, поточно во Уставот. И тие ја презедоа таа обврска и очекуваме да ја исполнат. Дути откако процесот ќе биде завршен и откако ќе биде утврдено дека уставната ревизија ги содржи сите гаранции, тогаш ќе има покана за членство во НАТО и почеток на преговори за присоединување кон ЕУ“, додаде шефот на грчката држава.

 

SHARE

2 Коментари

  1. Патот кон НАТО и ЕУ не само што ќе биде долг туку ќе биде понижувачки, економски регресивен, полн со психолошки трауми, поделено општество, омрази, нестабилност, социјална нерамноправност, корупции, мита, угнетување, одење во беда заради просперитетот на предавниците. Тоа не е пат во НАТО и ЕУ патот е да се Република Македонија издигне на ниво за да биде горд, рамноправен и користен член на НАТО и ЕУ.

Оставете Коментар