Павлопулос: Име, устав… па НАТО

Претседателот на Грција не остана покус во изјавите дека „само откако пјРМ ќе го промени уставот и откако ревизијата ќе ги вклучува сите договорени гаранции, ќе биде побарано пјРМ да се приклучи кон НАТО“.

Прокопис Павлопулос, како што пренесува АНА-МПА днес истакнал дека ова било објаснето и од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Грчкиот претседател рече дека Грција ги поддржува напорите за пристапување на „северниот сосед“ во НАТО и ЕУ, но со значителен предуслов: претходно решавање на прашањето за името базирано на историјата и меѓународното право.

„Северниот сосед на Грција мора да ги направи неопходните промени во своите закони и, пред сè, во уставот,реќе  Павлопулос, според кој сегапниот устав на соседната земја „под никакви околности – ги исполнува овие услови“.