Павлопулос како спартанскиот крал Леонид

„Грците се бореа обединети во битката кајо Термопилите. Тоа беше битка што покажа што можат Грците да направат кога ќе бидат обединети“ изјави вчера грчкиот претседател Прокопис Павлопулос кој присуствуваше на одбележувањето на битката кај Термопилите каде спартанскиот крал Леонид со 300 војници се спротивстави на многуилјадната персиска армија.

„Термопилите не е само историско наследство, туку место што е светилник, што им покажува на Грците што треба да направат во иднина“, додаде тој.

Градоначалникот на Ламија побара од претседателот да биде покровител на прославата по повод одбележувањето на 2.500 годишнината од битката, која ќе се одржи во 2020 година.

Битката кај Термопилите или во превод „врели порти“ (поради врелите сулфурни извори) се случила во 480 година п.н.е.

SHARE