Павлопулос: ПЈРМ да ги исполни своите обврски

ПЈРМ најпрво мора да го реши спорот за името во согласност со историјата и меѓународното право, како и да ги финализира промените на Уставот што се договорени, порача денеска во писмо до Скопје, грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос.

„Само кога овој процес ќе биде конечно и неотповикливо завршен (…) и само откако ќе се утврди дека ревизијата на уставот ги вклучува сите гаранции, само тогаш ќе биде можно да има покана за влез во НАТО, како почеток на суштински разговори за пристапување на ФИРОМ во ЕУ“, порача тој, како што пренсува АНА-МПМ.

Павлопулос, исто така, подвлекува дека преспанскиот договор „мора да се толкува според напишаното“ и само кога сите процеси ќе бидат завршени и конечни може да се најде пред грчкиот парламент за ратификација.

SHARE

Comments are closed.