Павлопулос: Прво промена на Уставот, па ратификација на договор за името

„Пристапот на поранешна југословенска Република Македонија кон НАТО и ЕУ бара договор за името што гарантира укинување на иредентизмот“, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска во Атина, непосредно по средбата на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Тој јасно стави до знаење дека „пред ратификацијата на договорот, ПЈРМ мора прво да го ревидира својот Устав“, посочувајќи дека ниту една демократска држава не може легитимно да потпишува обврзувачки меѓународни договори кои се во спротивност со нејзиниот Устав.