ПЦЕР на Самка Ибраимоски: Криминалецот Амди Бајрам во Владата е апсурд

Самка Ибраимоски и неговата Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) не се согласуваат со „апсурдната одлука“ на премиерот Зоран Заев да ја прошири владината коалиција со „криминалецот“ Амди Бајрам и неговиот Сојуз на Ромите.

„ПЦЕР сака да ги информира сите Роми и другите граѓани на Македонија дека ПЦЕР ниту е прашан за ова пристапување на Сојузот на Ромите, ниту се согласува за нивно влегување во коалицијата. ПЦЕР останува верен на својот коалициски партнер СДСМ, но злоделата на Сојузот на Ромите, не се забораваат. Да се борите против партија која правела малверзации и човек кој е со криминално досие и да го земете во коалиција за нас како партија е апсурд“, се вели во соопштението на партијата.

„ПЦЕР е сериозна партија и 10 години е лојален кон СДСМ и од осамостојувањето до денес 25 години е во коалиција со СДСМ. Во 2011 година на парламентарните избори, партијата на Амди Бајрам со неговото членство на денот на молкот физички го нападна нашиот лидер Самка Ибраимоски и при тоа му нанесоа тешки телесни повреди. Два дена пред молкот донесоа 200 полицајци пред штабот на ПЦЕР во Шуто Оризари, зашто наводно СДСМ и ПЦЕР делеле расипано месо“, објаснува партијата на краткотрајниот министер без ресор во Владата на Заев, а од декември наваму повторно пратеник во Собрание.

„ПЦЕР останува верен на својот коалициски партнер СДСМ, но злоделата на Сојузот на Ромите, не се забораваат. Да се борите против партија која правела малверзации и човек кој е со криминално досие и да го земете во коалиција за нас како партија е апсурд“, се вели во соопштението на ПЦЕР.

 

SHARE