Пејачката Елена Ристеска меѓу Македонците во Малта

Loading...

Најтесното раководство на Македонска заедница во Малта оствари средба со популарната поп пејачка Елена Ристеска, која е приватно во островската земја.

„На средбата се дискутираше за можноста за поголема културна соработка меѓу македонските естрадни пејачи и македонската дијаспора во Малта. Огромна благодарност до Елена за поддршката која ја дава на Македонска заедница во Малта .
Наскоро се надеваме на уште поголема соработка, а со цел поддршка, промоција и афирмација на македонските естрадни уметници во Малта“, велат од здружението во кое членуваат над 5.000 Македонци што живеат и работат во земјата-членка на Европска унија.

Ристеска се заблагодари за топлиот пречек и изрази надеж дека наскоро ќе организира концерт за македонската дијаспора во медитеранската држава.