Пендаровски: Во НАТО на почетокот на 2020

„Очекуваме пристапните разговори да завршат до Нова година и потоа целиот процес ќе се префрли во грчкиот парламент и во парламентите на останатите земји-членки. Ратификацијата би требало да трае наредна година, за да станеме членка на НАТО во првиот квартал на 2020, изјави денеска националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, iи дополни дека во наредните неколку месеци Македонија треба да потврди дека целосно ги прифаќа сите одредби од основачкиот документ со кој НАТО Алијансата е формирана, рече Пендаровски.

Владата на денешната седница го усвои концептот на Националната структура за водење на процесот за зачленување на Република Македонија во НАТО, пренесе Сител ТВ.

SHARE

Comments are closed.