Пенс до Заев: Граѓаните на референдумот ја потврдија европската иднина

Американскиот потпретседател Мајк Пенс му испрати писмо на македонскиот премиер Зоран Заев, во кое констатира дека граѓаните на Македонија на референдумот го одобриле договорот со Грција и ја потврди поддршката за негова реализација.

„Од оние што гласаа на референдумот, 90 проценти го одобрија договорот од Преспа и со тоа ја потврдија огромната посветеност на европската иднина на земјата. Бидете уверени во мојата континуирана поддршка во овој важен момент за вашата земја“, пишува Пенс.

Тој во писмото му порачува на Заев дека САД ја делат неговата посветеност за поголема безбедност и стабилност во регионот и оти му било чест што се сретнале на 20 септември во Вашингтон и што разговарале за спроведувањето на историскиот договор на Македонија со Грција за решавање на спорот околу името.

Пенс уште изрази очекување за понатамошно јакнење на пријателството меѓу двете земји.

 

Оставете Коментар