Пет дипломати ризикуваат кривични пријави за Северна Македонија, Erga Omnes

Покрај премиерот Заев и министерот Димитров уште пет искусни македонски дипломати од МНР се соочуваат со кривични пријави за помагање при вршење кривично дело кое се казнува со минимална казна од 5 години затвор.

Правни експерти блиски на помалите политички партии велат дека сите што активно учествуваат во помагање при вршење кривично дело согласно член 308 од Кривичниот законик можат да одговараат за своите постапки ако се свесни дека прават кривично дело.

Во случајот со создавање правна рамка која се коси со уставот и законите на РМ сите инволвирани се експерти кои се свесни за своите чекори.

Тоа што финалниот потпис на договорот со Грција ќе биде ставен од страна на политичките функционери Димитров или Заев не ги исклучува од одговорност експертите кои создаваат правна рамка за промена на името спротивна на македонскиот устав.

Во членот 308 пишува:
„Граѓанин на РМ кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на ПОТЧИНЕТОСТ или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години“.

Според извори во преговарачкиот процес и медиумски извештаи овие експерти подолго време се дел од македонскиот експертски тим кој работи на прашањето за името а денеска и вчера врз основа на грчкиот предлог прават рамка со која треба да се затвори спорот со Грција:

Паскал Стојчески, шеф на кабинетот на МНР и поранешен амбасадор на Македонија во времето на ВМРО – ДПМНЕ,
Игор Џундев, експерт за ОН, кој беше шеф на кабинетот на Срѓан Керим кога тој претседаваше со Генералното собрание на ОН,
Горан Стефчевски, директор во МНР за Југоисточна Европа, дел од тимот што ја подготвуваше тужбата на Македонија против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг,
Александра Миовска, иден амбасадор во Лондон, Елизабета Ѓорѓиева, експерт за меѓународно право во МНР.

Од засега непознати причини во последната фаза формално не е вклучен државниот секретар во МНР Виктор Димовски кој неофицијално се смета за наследник на Димитров на министерската позиција по завршување на спорот за името.

Истите експерти засилени со советници на премиерот Заев биле автори и на спогодбата на 5 страници која што Македонија ја испрати до Грција пред еден месец. Иако МНР премолче таа веднаш како “инсуфициентна” и несоодветна била отфрлена од страна на Грција.

Според планот на Атина македонските експерти имаат рок најдоцна до утре да изработат предлог правна рамка прифатлива за Македонија која треба да ја прифатат премиерите Ципрас и Заев.

Грчките медиуми Прототема и Хеласжурнал денеска известуваат дека името Република Северна Македонија Ерга Омнес е предлогот на кој се однесува вчера усвоената политичка рамка за името од министрите Димитров и Коѕиас во Брисел.

SHARE

Comments are closed.