По изборите на кои демократите го освоија претставничкиот дом, грчката заедница во Америка сега има свои пет членови, пишува „Катимерини“.

Демократот Џон Сарбанес од грчко потекло го задржа своето место во Третиот конгресен округ во Мериленд;

Претставникот на републиканците Гус Билиракис, од Флорида, освои седми мандат;

Во Невада, демократскиот конгресмен Дина Титус доби четврти мандат;

Демократот Крис Папас го победи републиканецот Еди Едвардс во трката за првиот Конгресен округ во Њу Хемпшир;

Мајкл Валц, поранешен командант на „Зелените Беретки“ кој исто така има грчки корени, го победи демократот противкандидат во шестата Конгресна област на Флорида.

Istovremeno, dемократскиот сенатор Боб Менендез од Њу Џерси,инаку поддржувач на Грција и на Кипар повеќе од две децении, беше реизбран на трет мандат на вчерашните избори во САД за сенатот.

SHARE

Оставете Коментар