Пет различни групи убедуваат пратеници да гласаат за промена на уставот

Пет различни групи неколку дена интензивно лобираат кај пратениците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на уставните измени предложени од владата.

Едната група е координирана од поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој веќе не е дел од партиските структури и таа таргетира тројца пратеници на опозоцијата од Охрид. Според извори од семејство на еден од нив кој се соочува со долгогодишна казна затвор во актуелен судски процес тој е решен да лежи затвор но никогаш нема да гласа за промена на името.

Втората група која лобира кај пратеници на опозицијата е составена од актуелен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и екс министер во владата на Груевски кои таргетираат неколку пратеници од внатрешноста.

Третата група која е активна во лобирањето е комбинација од домашни и странски претставници кои се повикуваат на геостратешки трендови и потребата да се стане дел од евроатланските интеграции.

Четвртата група е предводена од лидер на една партија на македонски Албанци кој имал контакти со неколку пратеници од кои се барало да гласаат за уставни измени, а за возврат ќе добиеле бенефиции за судските процеси со кои се соочуваат.

Петтата група е предводена од висок претставник на власта кој има на располагање широк спектар на ресурси за убедување на пратениците на опозицијата.

Според бројот на пратеници што излегоа предпладнево на прес конференција на опозицијата која се појавија триесетина пратеници се уште постои можност власта да дојде до потребното мнозинство.

SHARE

Comments are closed.