Петир: ЕУ има двојни стандарди за Македонија, договорот носи загриженост

Хрватската европратеничка Маријана Петир тврди дека ЕУ има двојни стандарди за Македонија.

“Процесот на пристапни преговори досега требаше да биде започнат а отворените билатерални прашања требаше да се решаваат за време на преговорите кои не смее да бидат условени”, смета Петир.

Таа вчера во Стразбур учествувала во дебатата за Македонија на која го искажала својот став за Договорот од Преспа.

“Договорот од Преспа потпишан без политички консензус од сите парламентарни партии е причина за загриженост”, смета Петир која е голем пријател и лобист за Македонија во Европскиот парламент.

SHARE

Comments are closed.