Петир за Заев: Логично е прво да го праша народот, а потоа да склучува договор

Хрватската европратеничка Маријана Петир реагира преку својот профил на „Твитер“ по информацијата дека македонскиот премиер Зоран Заев постигнал договор за името на државата Македонија со неговиот грчки колега Алексис Ципрас.

„Некако би било логично да го праша претходно народот што мисли за промената на името и на идентитетот на државата, а потоа да склучува договори“, твитна основачката и шефица на Групата на пријатели на Република Македонија во Европски парламент до разрешувањето од Владата на Заев во февруари годинава.

 

3 Коментари

  1. ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати стратегијата и планот на професорот д-р Игор Јанев. Единствената стратегија за достоинствено решавање на тнр. „проблемот со името”. Промена на името и идентитетот нема да помине. Името треба да се признае во ООН, а не да се смени со шверцерската приватна тнр. спогодба.
    Велепредавството не може и не смее да се претставува или толкува како победата и успехот.
    СДСМ со своето неодговорно и егзибиционистичко владеење е елементарната катастрофа за Република Македонија и за граѓаните на Република Македонија.
    Во Република Македонија ЗЛОТО има име и презиме. Се вика Зоран Заев!

  2. ЗАЕВ, ТИ СИ НАЈГОЛЕМ СРАМ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
    МАКЕДОНИЈА Е ИЗБРУКАНА ЗА ВЕК И ВЕКОВ!
    НИТУ ЕДЕН ДРЖАВНИК ВО СВЕТСКАТА ИСТОРИЈА НЕ ЈА ИЗБРУКА СВОЈАТА ДРЖАВА КАКО ТЕБЕ ЗАЕВ!
    ОДИ СИ ПРЕДАВНИКУ ВО НЕКОЈА ДРУГА ЗЕМЈА, ПРОКЛЕТ ДА СИ!

Оставете Коментар