Петров: Уставните судии беа контрадикторни (ВИДЕО)

„Судиите во расправата беа контрадикторни. Тие отфрлија расправа за договорот со Грција, но заклучија дека со референдумското прашање не се гласа за ЕУ и НАТО, туку за договорот* со Грција.

Истовремено, се суспендира референдумот од 8 септември 1991 година, кога народот во апсолутно мнозинство гласаше за самостојна Македонија без додавки и придавки“, изјави денеска претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, еден од иницијаторите за преиспитување на собраниската одлука за распишување на референдумот на 30 септември.

Петров вели дека одлуката на Уставен да ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на тој собранискиот акт, е неприфатлива и изрази сомневање дека врз судиите се вршел притисок, пренесе „Макфакс“.

SHARE

Comments are closed.