Петта жртва на западнонилска треска во Грција

Бројот на смртни случаи од вирусот на западнонилска треска во Грција денеска се зголеми на 5, соопшти Центарот за превенција и контрола на болести. Во Грција се регистрирани вкупно 77 случаи од почетокот на летото ,а 17 само во изминатата недела.

Вирусот, кој го носат заразените комарци, исто така се прошири во 33 општини, вклучувајќи ја и Атина, пренесува „Катимерини“.

Случаи се пријавени во Виотија, Халкидики, Солун, Евија, Иматиа, Пела, Коринт, Кукушс и Ретимно на Крит. Во повеќето случаи, инфицираните имале проблеми со  централниот нервен систем – главно во форма на енцефалитис или менингитис.

Минатата недела и во Србија починале уште две лица, со што бројот на жртвите д западнонилска треска кај северниот сосед се искачи на 11, а бројот на заразени е 126.

Засега во Македонија не се регистрирани такви случаи.

Во Македонија нема западнонилска треска, во соседството – смртни случаи