Пировска: Заев ги изневерува очекувањата на народот

Извршниот директор на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, Уранија Пировска, во интервју за порталот „Балкан инсајт“ го искритикува премиерот Зоран Заев за „изневерените очекувања на народот“, со акцент на случајот со експремиерот Никола Груевски, за кој смета дека не избегал, туку е пуштен да замине во Унгарија.

„На граѓаните им е преку глава да слушаат дека премиерот ги разбирал. Тие очекуваат премиерот да ја води Владата одговорно и да бара отчетност, транспарентност и одговорност од сопствените министри. Во случај како овој (со бегството на Груевски), кој е скандалозен и срамен, требаше да има оставки, прво од министерот за внатрешни работи. Со овој случај Владата ја загуби својата последна шанса да им покаже на граѓаните дека таа вистински сака да направи промени во Македонија во однос на неказнивоста“, изјави таа.

Еден од учесниците во т.н. Шарена револуција пред две години, кога беше повикана на информативен разговор во полиција за фрлање боја за време на протестите, ги поврза ослободувањето од притвор на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, изгласаното отворање на Уставот за промени, заложбата на Заев за национално помирување и бегството на Груевски како дел од еден пакет, односно договор.

За неа, притворите за Орце Камчев и за Сашо Мијалков среде ескалацијата на случајот со поранешниот претседател на Владата што доби азил во Унгарија не се без коинциденција.

„Овие апсења имаа цел да се дефокусира јавноста и да се создаде чувство на задоволство меѓу народот. Но, тие не успеаја да ја постигнат својата цел“, изјави Пировска.

 

SHARE

2 Коментари

Оставете Коментар