Рускиот портал за стратешки анализи „Геополитика“ се осврнува на состојбата во Македонија по неуспешниот референдум и предвидува дека планот Б ќе се состои или од нови избори, или од ескалација на состојбата со активирање на албански терористи.

Редакциската анализа насловена „Референдум во Македонија: Глобалистите загубија (засега)“ на порталот чиј главен уредник е Леонид Савин ја пренесуваме во целост:

„Во неделата пропадна референдумот во Македонија, на кој беше поставено прашањето: ‘Дали ја поддржувате можноста за влез во ЕУ и во НАТО со склучување на договор меѓу Македонија и Грција?’.

Причината за неуспехот е едноставна: луѓето, просто, го бојкотираа настанот. Одѕивот беше исклучително низок – само 36,87 отсто. Повеќето од оние што гласаа го избраа ‘европскиот’ пат на Македонија. Еднакво важно е да се запамети тоа поради кое референдумот е навистина корисен – очигледното ‘не’ од народот.

ВИСТИНСКИТЕ ПРИЧИНИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ

Референдумот во Македонија беше инициран од западните сили, огромни средства беа инвестирани во промоцијата на проектот. Во пресрет на референдумот главните западни политичари дојдоа во земјата, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.

Гласањето, всушност, не беше за промена на името, туку за постепена интеграција на Македонија во западните институции (Европска унија и НАТО). Референдумот во овој случај беше неопходен само како фаза во планот.

За да ја спроведат етапата, тие не се стеснуваа од валкани методи, дури и директни закани за актуелните политичари (на пример, претседателот на Републиката, Ѓорге Иванов). Тој, и покрај притисокот, отворено повика за бојкот на провокативното гласање.

ПРИЧИНИ ЗА НЕУСПЕХОТ

Референдумот доживеа тежок неуспех, бидејќи народот на Македонија покажа солидарност со Иванов. Луѓето ја разбираат геополитичката игра на Запад и последиците од таквата одлука (доволно е да ја погледне Украина и нејзината ‘европска интеграција’ за нормален човек да го напушти секаква желба да го следи наметнатиот западен пат).

ПЛАНОТ „Б“ НА ГЛОБАЛИСТИТЕ

Се разбира, глобалистите нема да се откажат. Веднаш по неуспешниот референдум, европските бирократи му честитаа на ‘македонскиот народ’. Па, Столтенберг ги повика политичките водачи ‘да ја искористат можноста’, бидејќи ‘вратата на НАТО е отворена и сите официјални процедури мора да бидат завршени’.

Сега, марионетската влада на премиерот Зоран Заев и неговите западни покровители ќе се обидат да го спроведат планот Б. Ако зборуваме за легалната страна на планот, тоа ќе бидат нови избори.

Радикалната програма е насочена кон ескалација, што подразбира активирање на албанските терористи. Еден ден претходно, како што се сеќаваме, имаше уште една ескалација во Косово, во врска со која српскиот претседател ѝ се обрати на Москва со барање поддршка во случај на критична ситуација и го зголеми нивото на борбена готовност на српската армија. Сето тоа почна уште еднаш со провокација: албанските милитанти го прекршија договорот и зазедоа позиции во Газиводе. Ескалацијата, се разбира, е директно поврзана со македонските настани“.

 

Оставете Коментар