Пломп твитна за снег на Шара среде лето, му одговорија: дека Северна

Холандскиот амбасадор во Македонија, Вутер Пломп, на својот профил на „Твитер“ објави фотографија од Шар Планина, импресиониран од остатоците снег среде лето.

„Добар ден од #ШарПланина, каде уште има #снег на 19 август: вечен снег во #Македонија“, твитна Пломп.

„Дека Северна :)“, му одговорија под постот, мислејќи на географската додавка за името на државата предвидена со договорот Заев-Ципрас, за кој на 30 септември ќе се одржи референдум во Македонија.

 

 

SHARE