Плусинфо.мк: Мафијаш го сменил началникот што ја возеше ќерката со службен џип на плажа

Во текст кој не е означен како политички или друг вид маркетинг порталот Плусинфо.мк на Бранко Героски со полна уста го фали и рехабилитира екс началникот на Бирото за Јавна Безбедност, Лазе Велковски.

Во анализата за началникот кој беше сменет затоа што од страна на министерот Оливер Спасовски и други служби во МВР беше утврдено прекршување на службена должност од него, сега се шпекулира дека за негово спасување и именување на шеф на организираниот криминал во МВР интервенирале странските дипломати.

Смената на Велков според плусинфо.мк сега се нарекува “мафијашки обид” за негово оцрнување а злоупотребата на возилото на МВР и службен возач за развозување на неговото семејство е само обичен “пех”.
Велков беше сменет од страна на министерот Спасовски и Владата со што останува нејасно дали според плусинфо.мк мафијашкиот обид е направен од Спасовски и Заев или тие само ја загубиле битката против други мафијаши кои што го направиле обидот да урне Велковски.

“Можеби и затоа е направен многу сериозен, мафијашки обид неговиот пех со „ренџ роверот“ да се искористи како шанса да се „спакува“ сериозен случај, кој ќе означи целосен крах на кариерата на овој врвен полициски професионалец. Организирано е снимање на движењето на службеното возило со неговата ќерка, а во „хендлањето“ на информациите наводно била замешана и странска разузнавачка служба. Јавноста, според очекувањата, се фокусираше на личната одговорност на Велковски, но изостанаа прашања и одговори за тоа кој кого следи и снима во МВР и какви се намерите на тие луѓе. До ден денешен остана нејасно кој и зошто сакаше да „изгори“ еден проверен и докажан полициски професионалец, во кој и државата има вложено многу”, пишува во крајно сомнителната анализа за ликот и делото на началникот со џипот.

Целиот текст на плусинфо.мк на следниот линк

SHARE

1 Коментар

  1. Интересни пехови. Некој имал пех да прати службено возило со службен возач да ја вози ќерка му на плажа во странство, други имале пех да добијат пари од фондот за иновации, пех да купат пратеници за промена на Уставот, да не ги спомнуваме пеховите да се добијат тендери.

Оставете Коментар