Со емоционален говор германската канцеларка Ангела Меркел се прости од лидерската позиција на владејачки христијански демократи (ЦДУ).

„Ми беше чест 18 години да бидам на чело на партијата. Нашите либерални вредности мора да се бранат, внатрешно и надворешно“, рече таа.
И покрај напуштањето на лидерската позиција во партијата, Меркел планира да остане германски канцелар се додека нејзиниот мандат не заврши во 2021 година.
Говорот на Меркел беше проследен со аплаузи и овации кои траеја повеќе од 6 минути.

Конзервативната партија ѝ оддаде почит на Меркел (64), со прикажување видео со моменти од нејзиното 18-годишно раководење на ЦДУ.