Судии од Кривичниот суд и обвинителите на СЈО денеска направија увид на возило за кое се смета дека било употребено за бегство на осомничените по убиството на четрите момчиња и рибарот на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро,пренесе Алсат М.

„Првпат ова возило кое е еден од клучните докази во случајот „Монструм“ на СЈО , го гледа и обвинител. На увидот денеска се специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски“, пренесува порталот СДК.

На 12 април 2012 кај скопското Смилковско Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски (на возраст од 18 до 21 година), сите од Радишани, Скопје, и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од Црешево.

Возилото „опел омега“ е дел од доказниот материјал.

Случајот „Монструм“ се враќа на почеток

 

Оставете Коментар