По Бочварски се истакна и Марин

Откако градоначалникот на Штип Благој Бочварски се пофали со 1000 метри асфалтиран пат за една година владеење во штипско не остана покус ниту градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин.

За разлика од штипскиот општинскиот татко кој ставил по околу 270 сантиметри асфалт дневно градоначалникот на Аеродром ставал по една клупа/канта за одпадоци на секои 3,6 денови.

“Поставени се 100 нови клупи и канти за отпадоци и 600 заштитни столпчиња на територијата на Општина Аеродром. Дотраената и оштетена урбана опрема ја заменуваме со нова, а дополнуваме и нови локации, според потребите на граѓаните”, објави Марин.

Според неговата објава Марин кој е градоначалник на најбројната македонска општина која има над речиси 100 илјади жители дневно ставал по 1.64 столпчиња.

SHARE

Оставете Коментар