Владата на Велика Британија постигна договор дека нема да има привелигиран третман за работниците кои доаѓаат од Европската унија по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Британските министри сите странски работници да имаат еднаков третман и тоа „врз основа на вештините, а не на националноста“.

Според правилата на ЕУ, од која Обединетото Кралство е сé уште дел, граѓаните на сите земји-членки, како и на Норвешка, Исланд и Швајцарија, имаат право да патуваат или да работат во која било друга земја од Унијата.