По канабисот на ред е распределба на бизнисот со Афион

Loading...

По распределбата на бизнисот со медицинска марихуана која е во полн ек на ред е агендата за силен развој на бизнисот со одгледување на Афион.

Откако седум македонски компании од кои три се блиски или во сопственост на семејството Заеви влегоа во бизнисот со медицинска марихуана во неколку владини институции во тек се планирања за развивање на бизнисот со афион кој засега во Македонија се одгледува многу малку.

Извори на expres.mk во владини институции тврдат дека наскоро ќе започне доделување на лиценци за одгледување на афион, бизнис вреден десетици милиони евра.

Поради специфичноста на растението од кое, со режење на чашката, се добиваат опијати (опиум), во најголем број држави во светот одгледувањето афион е контролирано и е забрането самостојното режење, односно тоа исто така се изведува контролирано и под строг надзор на соодветни служби.

Нелегалната меѓународна трговија со семе од афион е регулирана со резолуција на Обединетите нации од 28 јули 1998 година.

Најголеми производители на афион за медицински потреби во светот се Австралија, Турција и Индија. Порано (од 1835 година) тој се произведувал и во Македонија, за што сведочи и тоа што се наоѓа на македонскиот грб.

Во периодот од 1963 до 1972 година кај нас биле засеани 1.693 хектари со афион. Во поново време, афион се одгледува во Македонија, согласно закон и пријавени насади кај фармацевтските компании.

Како се одвива бизнисот со медицинска марихуана во видеото на Ал Џезаира