По лажното убиство, на Украина нема кој да и верува!

Официјална Москва го осуди инсценираното „убиство“ на рускиот новинар  Аркадиј Бабченко како  „провокација“ и „маскарада со пропагандна цел“ откако тој се појави жив и здрав на вчерашната прес конференција во Киев по информацијата за негово убиство.

За новинарот беше известено дека е пронајден од неговата сопруга како крвави на влезот во неговиот стан, дека бил неколку пати застрелан во грб и дека починал во амбуланта.

Украинскиот премиер веднаш ја обвини Москва за убиство на рускиот новинар и критичар на Кремља рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров демантираше секаква вмешаност на Русија.

Но, вчера, украинските служби соопштија дека целта на операцијата била спроведена наводно да се открие „заговор за негова ликвидација, кое било нарачано од Русија“.

Следеше бран реакции: Организацијата за безбедност и соработка во Европа го критикуваше „ширењето на лажни информации“.

„Репортери без граници“ предупредија дека ова што се случи е дел од „информативна војна“ и предупредија дека е опасно е за една земја да си игра со фактите.

На социјалните мрежи луѓе коментираа дека случајот ја поткопува довербата во медиумите и дури може да ја загрози безбедноста на самите новинари.